fbpx
ВестиТоп вести

Од три залака кои ќе ги каснеме два се поврзани со пчелите

Одбележан светскиот ден на пчеларството за прв пат во земјава. Овој ден од лани по предлог на Република Словенија од Обединетите Нации секаде се прославува како ден кога се крева свесноста за значењето на пчеларството и за заштитат на пчелите. Значењето на пчелите е огромно. Самиот факт што од три залака кои ќе ги консумираме на трпезата два се директно или индиректно поврзани со пчелата зборува за важната улога која ја има пчелата како и другите опрашувачи во синџирот на природата и во заштитата на биодиверзитетот.  Со симболична манифестација од неколку пчеларски штандови на централниот плоштад во Скопје и кај на за прв пат се одбележува овој ден кој треба да придонесе за поголема свесност особено кај земјоделците кои треба да водат повеќе грижа при употребата на пестицидите во време на цветањето. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој присуствуваше на отворањето рече дека наша должност и обврска е секојдневно да работиме на заштита на пчелите бидејќи тоа е важно за нашата иднина, за решавањето на проблемите со глобалното снабдување со храна и справување со гладта во светот.

-Пчелите се под голема закана од комбинираните ефекти на климатските промени, интензивното земјоделство, пестицидите, загубата на диверзитетот и загадувањето. Со поддршка од Светската здравствена  организација, Организацијата за храна и земјоделство –ФАО,  го разви Меѓународниот Кодекс  на управување со пестициди, што обезбедува најдобри практики кои можат да помогнат во намалување на изложеноста на опрашувачите на пестициди. Ние како држава активно се вклучуваме во преземање на сите мерки кои што ќе придонесат за заштита на пчелите, преку едукација особено во делот на правилна употреба на пестицидите  рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Пчеларството денес е важна стопанска гранка која има повеќекратно значење за овоштарите преку опрашувањето но и за потрошувачите обезбедувајќи производи кои го подобруваат здравјето.

-Од оваа манифестација сакаме да упати многу важна порака. Да ги заштитиме пчелите кои придонесуваат за поголеми и поквалитетни приноси во овоштарството преку исфрлање на неоникотиноидите. Најголемите штети и помор во пчеларството се случува со прскањето на пестицидите во време не цутење. Може да се примени моделот на Словенија каде прскањето помеѓу 7 наутро и 19 часот во време на цутење  не е дозволено за да  се заштитат пчеларите и да се намалат негативните последици од синдромот на празна кошница кој се шири се повеќе во Европа а од кој стравуваме и ние тука, рече Менде Трајковски претседател на сојузот на пчеларските здруженија

 

Бројот на пчелни семејства последните три години бележи пораст и според последните податоци за пријавени субвенции за 2018 година, изнесува 240.000 пчелни семејства. Со техничка поддршка од Словенија, МЗШВ ќе започне да работи на модел на пребројување на пчелните семејства со цел да се добие точна бројка, што е важно за понатамошните политики за развој на оваа гранка и за поделбата на субвенциите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close