На денешната 136. седница Владата го прифати предлогот на Министерството за земјоделство, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и UN Woman, за програма за изменување на Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година.
Како што информираат од владината-прес служба, во насока на поддршка на жените од руралните средини, со измената се предвидува поддршка во вид на неповратна финансиска поддршка во висина од 180 илјади денари за инвестиции кои што ќе придонесат за развој на руралните средини.