fbpx
ВестиТоп вести

Робот – иднината на бербата на овошјето

Дали роботот собира малини за 10 секунди и е поевтин од обичните берачи? Според тврдењата од Филдворк Роботик од Универзитетот во Плимут, секој робот може да собере 25 000 малини дневно, со што ќе ги надмине работниците кои за време на осумчасовната смена можат да соберат околу 15 000 малини.

Како дете кое се труди да не ја истури супата додека ја носи лажицата кон устата, така изгледа вистинскиот робот за берба на малини, кој се обидува да собере еден од зрелите и нежни плодови. Откако ќе ја одреди зрелоста на плодот, роботот го зема и го кине од грмушката. Внимателно ја спушта малинката во делот за складирање, а целиот процес за една малина трае околу една минута.

Изработката на овој робот чинела 793 000 евра. Но, како што пишува Guardian, акосебидеспоредпланот, ова е иднинатанабербатанаовошјето.

Роботот може да собере 10 000 малини повеќе отколку човекот

Овој робот е испробан во Велика Британија, каде земјоделските производители се борат со растечките трошоци на работа, а исто така им недостасуваат и сезонски работници, поради Брегзит. Всушност, бројот на сезонски работници од Источна Европа се намалил, дел поради страв од Брегзит, но и поради растот на земјоделието во Романија и Полска, кои ги убедиле своите работници да останат во своите матични земји.

Роботот е развиен во соработка со еден од главните британски одгледувачи на бобичасто овошје Хол Хантер, а кој го обезбедува нивниот Теско, Маркс и Спенсер и Витроуз. Стоејќи на висина од 1,8 метри, машина на тркала со роботската рака извршува теренски набљудувања во стакленикот на фармата Хол Хантер во близина на Чичестер.

Конечната верзија оди во производство идната година

Воден од сензори и 3Д камери, еден од облиците на вештачка интелигенција, зграбчувачот ги зумира зрелите плодови. Кога работи под прав агол, зграбчувачот ги одбира плодовите за 10 секунди и помалку, а потоа ги спушта во просторот за складирање, каде плодовите се сортираат според зрелоста, пред да се преместат во складиштата за транспорт во супермаркети.

Конечната верзија на роботот, кој се очекува да влезе во производство идната година, ќе има четири зграбчувачи, кои ќе можат истовремено да собираат.

Имајќи предвид дека роботите не чувствуваат умор, можат да берат и 20 часа дневно, а најголем предизвик бил да се адаптираат на различни услови на осветлување, вели Руи Андрес, еден од координаторите на проектот во Фиелдворк.

Тој истакнува дека, фармерите во Велика Британија, обично плаќаат од 1 до 2 фунти за килограм малините кои ги собираат работниците, а роботот би можел работата да ја заврши за помалку трошоци.

Инспирација за роботот е работата на норвешка фарма

Овој робот е изум на др. Мартин Стоелен, предавач на роботика на Универзитетот Плимут, а неговата инспирација доаѓа од работата на фармата на неговите баба и дедо во Норвешка.

Секако ќе признаете дека, Стоелен прифатил решавање на проблемот на берба на еден од најосетливите видови овошје – малината, а се надева дека технологијата ќе биде поволна и за други видови бобичасто и друг вид овошје и зеленчук.

Начинот на кој роботот собира малини, погледнете го во видеото:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=KFemWAXx-3I

 

 

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close