Неколкукратно сме покажале дека со СН Осигурителен брокер АД Битола земјоделецот добива партнер, кој ги познава и осцилациите и случувањата на пазароти во изминатиот период покажува посебни резултати во земјоделскиот сектор.
Континуирано, СН Осигурителен брокер АД Битолаги следи трендовите, како и случувањата и препораките на пазарот и на локално и на централно ниво.
Сакаме да истакнеме дека ги следиме реформите најавени во осигурителниот сектор на државно ниво, а имено и ние самите сме дел од интервенциите во законските норми кои ја регулираат оваа дејност, во процесот на креирање на јасни правила и поголема информираност како што беше и истакнато на Конференцијата за осигурување во земјоделството кон крајот на 2018 и во текот на медиумската кампања за подигнување на јавната свест за осигурување во земјоделството во првото тромесечие од 2019 година.
Исклучително ја поддржуваме кампањата, а во таа насока и во насока на подигнување на јавната свест и едукација на земјоделците за потребата од осигурување на своите посеви и плодови, истакнуваме дека, во изминатиот период покрај големиот број на нови производи воведовме и ИНДЕКСИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ. Со индексираното осигурување гиосигурувамеземјоделцитеврзоснованаиндекснаприноси, базираннапроцентодпросечниотприносвоиндексиранатаопштиназасекојакултура, и гимериме загубитеврзоснованапросечнитеприносивоиндексиранатаопштина.
Со воведувањето на овој и останатите наши производи, остваривме впечатливи резултати, и го остваривме она што претходно го ветивме :
- Организиравме трибини, состаноци и средби со сите земјоделци во региони каде што неуспеавме да бидеме присутни минатата година,
- Успеаме да ги информираме земјоделците во Неготино, Кавадарци, Штип, секако во поголем дел во Пелагонискиот регион,
- Во нашиот понатамошен план треба да ги посетиме Тетовскиот регион, Кумановскиот регион, а согласно нашата програма планирано е целосно и комплетно да биде опфатена и целата држава.
Врз основа на нашиот план и анализа за оваа година, кажавме дека сме лидери во земјоделското осигурување, и нема да бидеме скромни туку ќе се пофалиме дека сме реализирале 80% од она што според нашиот капацитет сме го планирале и сигурни сме дека ќе реализираме 99% од планот. Ова не го правиме само за нашата фирма и вработените во неа, ова го правиме за нашите земјоделци, бидејќи нашите земјоделци иако имаат големи потешкотии и во делот на производтсвото и во делот на пласманот стануваат се поедуцурани, се повеќе се интересираат за програмата осигурување и се се поголем партнер на СН Осигурителен Брокер.
Нашата цел, мисија, како тим во делот на земјоделското осигурување, не е само програмата осигурување.Тоа значи дека нашите интензивни контакти со Министерството за земјоделство и Владата на Северна Македонија е да им помогнеме и овозможиме не само да ги заштитат своите производи туку да помогнеме заедно со овластените лица од министерството во изнаоѓање на пласман на производите. Со тоа доколку во тековната година немаме штетен настан земјоделците да бидат задоволни од пласманот и откупот или доколку имаат штетен настан земјоделците да бидат задоволни од обештетувањето.
Ова значи КРУГ каде сите страни ќе бидат задоволни, односно, од една страна Државата која што ќе им овозможи на земјоделците сигурен пласман, од друга страна осигурителната компанија која ќе овозможи осигурување или обештетување и на трета страна земјоделецот кој ќе биде сигурен и во двете опции.
ОВА Е ЦЕЛТА НА ПРОГРАМАТА И МИСИЈАТА НА СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА.