-
Кабастата храна со добар квалитет е основа за висока млеко продукција. Кравите треба да добиваат толку колку што сакаат да изедат: јаслите треба да бидат празни само кога ќе се чистат!
-
Хранете ги кравите со кабаста храна и концентрат спрема фазата на лактација и млеко производството.
-
Поделете ги кравите на групи спрема фазата на лактација.
-
Пресни крави (0-3 месеци после телењето)
-
Крави кои се во лактација повеќе од три месеци
-
Пресушени крави
-
Кравите во рана лактација хранете ги повеќе со пченкина силажа (високо приносните крави), а исто така и кравите кои се во лактација повеќе од три месеци (крави со пониски приноси). Не му давајте пченкина силажа на пресушените крави кои се во добра кондиција.
-
Давајте им луцеркино сено секокаш повеќе отколку што можат да изедат. Остатокот давајте му го на старите јуници.
-
Дневната дажба за високо продуктивни крави во рана лактација (0-3 месеци после телењето) на пример би изгледала:
-
20-25 кг пченкина силажа
-
Голема количина на луцеркино сено (колку што можат да изедат)
-
1-2 кг концентрат богат со протеини (соино брашно)
-
максимум 12 кг концентрат (16% сварливи протеини).
-
Дневна дажба за крави кои се во лактација повеќе од три месеци:
-
12-16 кг пченкина силажа
-
Голема количина на луцеркино сено (колку што можат да изедат)
-
Над 10 кг млеко: 1 кг концентрат за 1.5 кг млеко.
-
Дневна дажба за пресушени крави:
-
Без пченкина силажа (или малку ако кравите се во лоша кондиција)
-
Голема количина на луцеркино сено (колку што можат да изедат)
-
Хранете ги со минерали (сиромашни со калциум за да ја избегнете млешната треска).
-
Пресушените крави почнете да ги храните со пченкина силажа и 1 кг концентрат 1 недела пред терминот за телење.
-
Зголемувајте ја количината на концентрат пополека после телењето: прво со1 кгдневно а после 1 недела со 0.5 кг дневно се додека не се дојде до максимумот од околу 12-14 кг .
Советник во АПРЗ Петра Трајковски