fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Технологија и агроеколошки услови за одгледување на лешник

lesnik

Леската претставува многу значајна врста овошје чии плодови се многу ценети на домашен и странки пазар. Јадрото на лешникот по хемиски состав представува извор на голем број корисни единки, како што се масти, белковини, јаглени хидрати, минерални материи и витамини.

Содржината на масти во јадрото на лешникот се движи од 55-72%, белковини од 12-22%, јаглени хидрати околу 14%, шеќер од 2-10%, вода 5,8% и минерални материи од 1,8-3%.

Покрај исхраната плодовите наоѓаат широка примена и во козметичката и фармацевтската индустрија.

Ниското количевсто на вода во плодот, која што е заштитена со лушпата, овозможува подолго и подобро чување на плодовите, за разлика од плодовите на другите овошки.

Толерантноста спрема агроеколошките услови, рентабилното производство и поволната цена на пазарот, придонесоа лешникот во главните производствени земји да премине од екстензивно во интензивно производство.

Животниот век на лешникот е 70-100 години. Леската почнува со род од 3-4 година. Периодот на полна родност почнува од 7-8 година, а периодот на полна родност на леската е 30-50 години. Од плодот околу 50% отпаѓа на лушпа. Зависно од обликот, формирањето на круната, густината на садењето, временската старост и други агротехнички мерки, лешникот има род од 2,2 тони плод, па до 3,6 тони/ха.

Лешникот бара во текот на годината доволно вода во земјиштето и релативно влага во воздухот. Многу е важно врнежите да се правилно распоредени по месеци. Недостатокот на вода се манифестира во: плодовите паѓаат, квалитетот на плодовите се смалува – крупноста не е карактеристична, а и внатрешноста е со лош квалитет. Во фаза на интензивно одгледување на плодот, најважен фактор е водата и тоа во месеците мај и јуни.

Сите сорти се нееднакво отпорни на недостаток на вода. Поосетливи се сортите на лесна, песоклива земја како и на плитки почви. Се смета дека за лешникот поволен хидротермички коефициен е околу 1,25.

Лешникот е хелиофит – тоа значи дека за него поповолни се осветлените места.

Советник Мирјана Милинг

РЕ Демир Хисар

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close