Преспа
Запознавање со традицијата и убавините на Преспа, езерото, плажите, преспанското јаболко и прекрасната Галичица. Запознавање на локалната култура и најдобрите локални специјалитети на Преспа со целата нејзина уникатна природа и убавина е целта на манифестацијата Meet Prespa што ја организираше општина Ресен.
-Целта на манифестацијата Meet Prespa е овде на оваа плажа Дупени да го промовираме сето она што ние како ресенчани и преспани го нудиме, а како што може да видите имаме навистина многу работи што вредните домаќинки ги готват, домашните специјалитети и се она што го нуди Преспа како и производите од многу фирми направени од јаболко.
Исто така овде го нудиме и нашиот фолклор, нашата традиција, нашето културно наследство и верувам дека направивме еден успешен микс од сите тие работи.
Потребна беше ваква манифестација, бидејќи Преспа беше долго време заборавена. Да ја разбудиме, 20 години нашата Преспа беше заспаната убавица и време е да ја разбудиме. Нудиме многу содржини и активности. Секако тука ние како општина Ресен сме да ги подобриме оние инфраструктурни пробелми кои долги години беа рак ранана нашата општина,но имаме и голема поддршка од владата и канцеларијата на ЕУ, изјави за Зелена берза Живко Гошарeвски градоначалник на општина Ресен.
Рурална жена од Преспа е здружение кое постои два години и се грижи окоолу промоцијата на традицијата од овој регион. Петнаесеттина жени со своите активности ја промовираат Преспа и ја презентираат традиционалната храна, која на овие простори се правела со векови.
Зелници со праз и кромид, аршлама, ѓомлезе, баклава, банички, лепчиња, млечник, пита со јаболка и секако преспанската белвица беа дел од богатата трпеза што вредните домаќинки ги имаа подготвено за настанот.
-На овој начин, преку организирање вакви настани, барем еднаш месечно да има вакви настани по плажите, за да може овие убавини секој да ги види, а истовремено и да ги проба овие специјалитети. Често се случува овие производи да ни ги порачаат и организираме кетеринг услуги, вели Руменка Димовска член во здружението Рурална жена.
Манифестацијата беше посетена од многу гости меѓу кои амасадорот на Франција, господинот Кристијан Тимоние, амбасадорот на Германија, господинот Томас Герберих, амбасадорот на Албанија, господинот Фатос Река и амбасадорката на Црна Гора, госпоѓа Марија Петровиќ. На овој настан присуствуваше и македонскиот премиер на Владата Зоран Заев кој ги изненади присутните пристигнувајќи на мотор.
Од општина Ресен се задоволни како протекоа сите предвидени активности и се надеватаа дека манифестацијата „Запознај ја Преспа“ќе прерасне во традиција.
Манифестацијата ја организираа Општина Ресен,
Рурални жени, Prespa Bike во партнерство со Агенцијата за младуи и спорт и ЕУ за Тебе.
Павлина Јовановска