Невремето што вчера го зафати кавадаречкиот регион предизвика големи штети на лозовите насади. Во редакцијата на Зелена берза стигнаа фотографии од направените штети на лозјата во месноста Шамаци, Кавадаречко. Жителите од овој реон велат дека невремето проследено со дожд и град почнало околу 16 часот и траело околу петнаесеттина минути. Овој реон е претежно со лозови насади, а последиците допрва ќе се чувствуваат.
Стручните лица упатуваат апел до лозарите и производителите на други култури да спроведат заштита на растенијата со соодветни препарати.
П.Ј.