Приклучна машина за режење на лози
Режењето на ластарите во лозјето е операција која е потребно навреме да се изврши за да може гроздовите правилно да се развиваат. За оваа операција е потребно и знаење и време. Со машините за режење од типот CO – VBC оваа активност може лесно и брзо да се заврши.
Станува збор за машина која се приклучува на предната страна на тракторот, што на работникот му овозможува да има добар видик и контрола на режењето. Тракторот на која се приклучува оваа машина треба да има снага од 20 – 30 КС. Машината тежи 170 кг и има хидраулично подесување и по должина и во висина. Машината располага 420 мм нерѓосувачки ножеви кои освен во висина може да нагодуваат да се движат странично лево и десно. Потеклото на машината е од Р. Италија , а производител е фирмата VBC.
Ова е машина која обврската за режење ја претвора во задоволство.
П.Ј.