fbpx
Вести

Прв случај на болеста чвореста кожа кај говеда во земјава – нема опасност за луѓето

Говедата на удар на нова болест, нема опасност по здравјето на луѓето. Како што известуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство во месноста Чифлик во Демир Капија, е регистриран првиот случај од т.н болест на чвореста кожа. Болеста е многу е опасна за говедата, и може да предизвика сериозни економски штети.  Лекувањето не се исплати, а основна мерка која се превзема е убивање и нештетно отстранување на цели стада кај што било животното. Вирусот се пренесува преку комарци и муви.

prv sluchaj na bolesta chvoresta kozha kaj goveda vo zemjava nema opasnost za lugjeto

 

Поповски информираше дека заболеното животно и уште четири грла кои биле во контакт со него се убиени и отстранети, заедно со целокупната количина на  млеко.

Болеста не е типична за овие простори. Станува збор за егзотична болест која порано била регистрирана само во Африка. Со поместувањето на температурните граници болеста се поместува кон север преку Турција, Грција а месецов е регистриран и првиот случај во Бугарија.

Од Агенција за храна и ветеринарство велат дека болеста не се пренесува од заразено животно на човек, така што не постои ризик по здравјето на луѓето. Кај говедата се пренесува преку каснување на комарец, директен контакт со заболеното животно и индиректен преку внес на заразена храна и вода. Од Агенцијата ги предупредуваат сточарите кои одгледуваат говеда на претпазливост на симптомите. Основни мерки за сузбивање на ширење на болеста е масовна вакцинација на говедата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close