fbpx
ВестиТоп вести

„Бирарија“ – фестивал на занаетчиско пиво  во Битола

За прв пат во Битола утре на 29 јуни (сабота)  со почеток од 18 часот во пациото на Музејот  ќе се одржи  „Бирарија“ фестивал на занаетчиско пиво во Битола. Планирано е да се претстават 15 производители со 50 етикети на пиво, кои ќе бидат дегустирани од љубители на занаетчиското пиво.

-„Бирарија“ е концепт кој ја применува филозофијата на Слоу Фуд во производството, презентацијата и консумацијата на пиво, истовремено градејќи ја пивската култура. Концептот го нагласува уникатниот карактер на секое пиво, квалитетните состојки и над сè почитување на знаењето и искуството на локалните пивовари, во суштина спротивно на стандардизацијата на вкусовите на пиво. Истовремено ни служи и како место за промоција и пренесување на трендот на глобалната револуција на занаетчиското пиво во Македонија.

Преку фестивалот Слоу Фуд има за цел да промовира и да го поддржува локалното занаетчиско производство на пиво, од домашите производители до микро пиварниците и да ја поттикнеме потрошувачката на свежо, непастеризирано пиво во пивниците и продавниците, нудејќи им го најдобриот избор на потрошувачите, вели Игор Поповски од Слоу фуд Битола.

Организатор на фестивалот  е конвивиумот  „Слоу Фуд Битола“,преку проектот „Мобилизација на граѓанското општество за поттикнување позитивни општествени промени – МОГО ПОП“ спроведуван како дел од проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации“ на Македонско здружение на млади правници како и подрршка под повеќе јавни претрпијатија во градот.

П.Ј.

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close