Шкотскиот остров Северен Роналдсеј бара овчари.
Тие ќе бидат задолжени и да го пазат ѕидот кој го раздвојува природното живеалиште на овците од нивите на кои се одгледува храна за цел остров. Бидејќи ѕидот е стар, овчарот ќе биде задолжен и да го поправи.
Работата бара 35 работни часа неделно, за што работодавецот плаќа 24,473 евра.
Идниот вработен ќе мора да остане три години во работен однос за ѕидот во потполност да биде поправен, а бројот на овци да се зголеми.