fbpx
Вести

Бугари масовно купуваат македонско јагнешко

Месарниците во Источна Македонија се полни со купувачи од Бугарија, кои масовно пазаруваат јагнешко месо пред Велигден. Цените на јагнешкото во поголемите маркети во Скопје деновиве достигнуваат и до 380 денари за килограм, иако пред само десетина дена свежото јагне чинеше под 300 денари.

bugari masovno kupuvaat makedonsko jagneshko

 

Интересот на бугарските купувачи им оди во прилог на домашните трговци, кои не исклучуваат дека цената може да оди нагоре и над 400 денари за килограм. Од друга страна, деновиве нашите месарници и не продаваат само еден килограм, туку нудат бут или плешка, од најмалку три килограми со кои мора да се земе и јагнешката глава или дроб.

Како што пишува бугарски „Монитор“ бугарските граѓани масовно заминуваат во Македонија и во Србија и купуваат јагниња и од месарниците и директно од фармите. Цените се за 25-30 проценти пониски од тие во Бугарија. Килограм јагне во Крива Паланка чини околу 5 евра, а во Бугарија 15 лева или 7,5 евра, пишува „Монитор“. Килограм жива мера е меѓу 2 и 3 евра, а цело јагне се продава за 60 евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close