fbpx
Вести

Пролетната сеидба во Пелагонија во полн ек

Пролетната сеидба во Пелагонија е во полн ек, а за интензитетот на активностите погодуваат и временските услови што им овозможуваат на земјоделците влез на земјоделските површини и реализација на планираното. Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, информираат дека во овој момент во битолскиот дел на Пелагонија со пролетни култури се засејуваат околу 20.000 хектари.

proletnata seidba vo pelagonija vo poln ek

 

– Условите за реализација на пролетната сеидба се идеални. Засеани се над 70 отсто од планираниот сончоглед кој се одгледува на површини од 5,5 илјади хектари, а фуражната пченка и пченка за зрно ќе бидат засеани на 4 илјади хектари. Градинарските култури и оваа година ќе се засејуваат на површини до 3 илјади хектари, почна подготовката на расади за пипер од рана сорта, а луцерката и сточниот грашок веќе се засеани. Во овој дел од годината активни се и тутунарите што ги подготвуваат расадите за тутун истакна Илија Србиновски, раководител на подрачната единица. Според процените на агроекспертите, благодарение на добро подготвените земјоделски површини, пролетната сеидба во битолскиот дел на Пелагонија ќе заврши до крајот на идниот месец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close