fbpx
ВестиДвор и градинаРурален туризамТоп вести

Цветна фантазија во Волкодери

 

Кога ќе се спомене Преспа секогаш прва асоцијација се јаболката. Доколку патувате на кај преспанското село Волкодери она што ќе ви го привлече вниманието не се јаболката туку цвеќињата. Цветна фантазија на која никој не останува рамнодушен. Застануваат автомобили фотографираат, уживаат во цвеќињата, а на заминување понесуваат  со некое цвеќе што им „запнало“ на окото, бидејќи овде може и да се купи.

Марина Дочовска е најголемиот „виновник“ за цветната фантазија. Голем љубител е на цвеќето и години наназад за своја душа одгледува цвеќиња и го средува својот двор во семејната куќа во Волкодери. Дворот и куќата изгледаат како да се од некоја бајка. Марина за Зелена берза раскажува дека се’  почнало од хоби и љубов кон цвеќињата. Кога случајните минувачи побарале дали може да се купи, Марина своето хоби го проширила во бизнис.

 

„Многу ги сакам цвеќињата и почнав прво да ги одгледувам за своја душа. Кога ме прашаа дали може да се купи, си реков зошто да не и така почнав. Не беше едноставно, ама сум голем љубител на цвеќињата и кога нешто се работи со љубов и ќеф може да се постигне резултат. Од пред една година почнав и да продавам цвеќе. Претежно саксиско цвеќе имам. Го набавувам од Струмица, а потеклото е од Холандија. Задоволна сум од досегашната работа и ќе продолжам“ , објаснува Марина.

Петунии, бегонии и сардели во различни бои, далии, орхидеи, бонбончиња, импатии, љубичици, зимзелени борчиња, олеандри, лимони, палми и што ли уште не. Различни видови цвеќиња за кои често има порачки. Марина вели дека земјоделството  е основан дејност во нивното семејство, а јаболката се примарни. Задоволна е од  постигнатото.

 

„Добро е , мене ми беше доволно да има за моја душа да ми биде убав дворот и куќата, ама за среќа излезе повеќе. Сепак јаболката се тие кои не се напуштаат, колку се толку се, од нив живееме, а цвеќињата ни се дополнителен приход“, додава Марина. Погледенета ја галеријата од цветната фантазија на семејството Дочовски од Волкодери.

П.Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close