fbpx
ВестиТоп вести

Исмаил бег прв изградил парна мелница во Битола

Од турските фермани

 

 

 

Од памти век имало млин на местото каде што се денешните млинови на Жито Битола. На истата локација се наоѓал еден од првите млинови во Битола и му припаѓал на богатиот Исмаил бег кој живеел за време на Османлиската империја. Ова со битолчани го сподели студентот по историја Васко Гичевски кој има пасија да го истражува отоманскиот период.

-Жито Битола e млинот на Исмаил Бег, еден поприлично богат човек, кој ја изградил првата парна мелница во градот и таа подоцна опстојувала и во Кралска и Социјалистичка Југославија, а опстојува и до денес. Спроти се наоѓало и училиште за занаети, направено за да може да опслужува 30 000 војници  стационирани во битолските касарни, открива Гичевски.

Тој како учесник  на годинешниот Локум фестсе обидува  да ја афирмира социјалната историја, што е од народ за народ, историја која се уште е жива, бидејќи како што вели, на секаде околу нас е присутно османлиското наследство.

Зачуваните податоци за млинот и големиот број на дуќани во 19 век и почеток на 20 век всушност сведочат за големиот економски развој на Битола во тоа време.

-Избрав шест фермани од 19 век, најстариот од 1831 година од султанот Махмуд Втори Реформаторот, а најновиот од 1904 година од султанот Абдул Хамид Втори. Се однесуваат претежно на живеењето во Битола. На пример, ферманот на Махмуд Втори е за уредувањето на пазарниот ден. Според овој ферман, определено е работното време на пазарот  да се премести од недела во сабота. Чаршијата и тогаш била место каде се собирале луѓе и разменувале идеи и стоки. Во битолската чаршија во 19 век и почетокот на 20 век егзистирале 1500 занаетчиски дуќани што за денес е незамислива бројка, рече Гичевски.

А.Б

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close