fbpx
ВестиТоп вести

Украина се поконкурентна на пазарот на житарици, а Романија поставува нов рекорд во извозот на сончогледово масло

Пченицата во Русија и Украина е со подобар квалитет од вообичаено, покажуваат податоците, што значи многу поскапа пченица и зголемена конкуренција помеѓу двете земји. Романското сончогледово масло, оваа година целосно влегло на пазарот во ЕУ, во Франција.

Според истражувањата на Ројтерс, извозот на пченицата од Русија, Украина и Казахстан, ќе се зголеми за 4% во сезоната 2019/2020. Топлотните бранови во јуни, условиле остра конкуренција со Европската унија. Најголем дел на пченица од т.н црноморски блок, се извезува преку Црно море за купувачите во Африка и на Блискиот Исток, кој исто така е важен купувач за Европската унија и чиј значаен принос се очекува и годинава.

Вкупниот извоз на пченица од Русија, Украина и Казхстан, се предвидува дека ќе порасне на 63,2 милиони тони во сезоната која почна од 1 јули, покажало истражувањето на аналитичарите, официјалните лица и трговците, наведува Black Sea Grain.

Во наведените три земји, приносот на пченицата ќе порасне за 8,5%, односно до 120,4 милиони тони, покажале проценките на експертите. Конкурентската предност на руските извозници ќе се подобри оваа година. Растот на црноморската понуда е позитивен при предизвикувачката ситуација со житариците во САД и можноста од негативни трендови во ЕУ. За Русија се очекува да остане најголем светски извозник на пченица.

SovEconи IKAR, водечките земјоделски консултантски куќи во Москва, извршиле проценка на состојбата на пазарот за 2019 година. Залихите на житарици ќе помогнат да се ублажи притисокот т.н главни посеви на рускиот пазар. Податоците покажуваат дека пченицата во Русија и Украина е со подобар квалитет од вообичаено, што значи многу поскапа пченица и зголемена конкуренција помеѓу двете земји. Поради топлото време во јуни, содржината на протеини во руската пченица е поголема од просечната вредност. Главната промена во однос на претходната сезона е во квалитетот, затоа што поради високите температури, содржината на протеините е поголема од вообичаената, сметаат трговците кои се фокусираат на Украина.

Во Украина годинава ќе има многу повеќе житарици за мелење, што значи поголема конкуренција за Русија, затоа што овие две земји имаат речиси ист пазар. Во Франција, најголемиот производител и извозник на пченица, помеѓу членките на ЕУ, почетната жетва во западните региони укажува на ниско ниво на протеини. Сепак, се очекува дека високите температури може да влијаат на зголемување на содржината на протеини. Други фактори, кои може да станат важни за вкупната трговија во Русија се стагнацијата на произведување живина и знаците на намалено производство на свинско месо, затоа што и едното и другото може да предизвика пад на потрошувачката на пченица. Владините мерки кои ја зголемуваат регулацијата на извозниот сектор, исто така се прашање на кое треба да му се посвети внимние.

Казахстан, најголемиот производител на жита во Централна Азија, кој со жетва ќе започне во септември, извезува помалку брашно поради зголемениот капацитет за мелење во земјите на централна Азија, велат во француската консултантска куќа Агрител. Главниот извоз за Казахстан ќе биде извоз на брашно, наместо извоз на пченица.

Според расположливите податоци, романскиот извоз на семенски сончоглед во септември и јуни 2018/19 година и натаму забележително заостанува во однос на претходната година и покрај стабилните површини под оваа култура. Во анализираниот период, извозот е 17% помал, во споредба со периодот од пред една година.

Романското сончогледово масло, оваа година, речиси во целост влегло на пазарот во ЕУ, со оглед на намалениот принос кај најголемиот снабдувач на семе во ЕУ – Франција. Вкупниот извоз на сончоглед оваа сезона од Романија ќе биде втор по висина, но се проценува дека неговиот обем ќе биде под почетните очекувања. Падот на извозот е предизвикан од фактот дека Романија го зголемува извозот на сончогледово семе и масло. Според проценките на UkrAgrConslut, извозот на романското сончогледово масло во периодот септември – август 2018/19 може да достигне уште еден рекорд и да гонадмине минатогодишниот максимум за 10%.

 

Зелена берза

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close