Вести
Штетници ги напаѓаат житните култури во кочанско
Поради појавата на суша во кочанскиот регион подолг период се јавија одредени проблеми кај житните култури посебно кај пченицата затоа што таа бара поголема влага од јачменот. Забележана е појава на штетниците житна пијавица и црн житарец пченицата.
Затоа од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кочани со апел до земјоделците дека треба да вршат редовни контроли на своите посеви и да ги заштитат со инсектициди. Во делот на градинарските култури забележана е појава на компировата златица која што ги напаѓа посевите со компири и предизвикува големи штети.