Традиционално по петти пат на паркингот на Веро – Центар ќе се одржи пролетен вински фестивал – “Spring Wine Festival” кој ќе се одржува од 11 до 15 мај годинава
Како изминатите изданија на фестивалот, така и оваа година љубителите на виното ќе можат да уживаат во дегустација на најубавите сортни македонски вина и вкусни деликатеси по промотивни цени, проследени со богата музичка програма која ќе ги задоволи вкусовите на разновидната публика.
Од среда до недела паркингот пред Веро-Џамбо Центарот ќе се претвори во место каде што мирисот на пролета, љубовта и виното ќе ги возбудат сетилата и ќе ги задоволат вкусовите на традиционално многубројните посетители.