fbpx
Вести

Фармерите мора да ги почитуваат еколошките стандарди

Локалната власт и општинскиот инспектор за животна средина во Велес наредните месеци ќе преземат поригорозни мерки и санкции против сопствениците на фарми во и околината кои го прекршуваат законот. Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, вели дека иако фармерите имаат потпис за работа од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, сепак крајната дозвола со потпис за нивното работење треба да ја донесе тој како градоначалник.

eko-farma

И покрај жалбите против мене од страна на некои од сопствениците до Второстепена комисија, јас нема да потпишам ниту една дозвола се додека тие не ги испочитуваат законските одредби за правилен третман на отпадните води и за непријатната миризба во градот. Се додека не се испочитува законот јас нема да го ставам потписот за работење на ниту една фарма, потенцира Чадиев.

Тој информира дека во новите градски населби на Велес и непосредната околина, неколку години наназад работат повеќе од 12 свињарски и краварски фарми.

Co одлука на Врховниот суд на сопственикот на Краварската фарма во велешката населба Керамидна, поради неправилно работење веќе му е даден рок за отстранување на фармата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close