fbpx
ВестиТоп вести

АХМ забрани увоз на свинско месо од Србија поради појава на африканска чума

Забрана за увоз на свинско месо и преработки како и увоз и транзит на живи домашни и диви свињи од Србија во Македонија.. Агенцијата за храна и ветеринарство ја донела одлуката по информациите дека во соседната земја се појавила африканска чума.
Од петокот во сила е Решението за задолжително лабораториско испитување на секоја увозна пратка свинско месо, производи и преработки. Пратките нема да се пуштаат во промет се додека не се добие наодот од лабораториското испитување, информира директорот.

Од агенцијата соопштуваат дека засега нема појава на африканска чума кај свињите, состојбата будно се следи, и тврдат дека превентивните мерки се подигнати на максимално ниво. Надлежните укажуваат дека болеста е особено опасна и заразна кај свињите,како и дека за истата не постои вакцина или можност за лекување.
Надлежните постојано апелираат, граѓаните кои патуваат надвор од земјава, при враќањето, особено од земји во кои е детектирана африканска чума, да не внесуваат храна од животинско потекло, преработки од месо и сувомесни производи што содржат месо од свињи, зашто ќе им бидат одземени.
По препорака од надлежните на 30 јули се донесе и одлука со кое се одобрува отстрел на дивите свињи во земјава.
Африканската свинска чума првпат се појави во 2007 година во Казахстан, но брзо се прошири и во други земји. Денес ја има во Романија, Унгарија, Естонија, Латвија, Летонија, Белорусија, Украина, Полска, Бугарија и Србија Болеста не е опасна за луѓето, но брзо се шири и е погубна за свињите. Економските загуби можат да бидат енормни ако навреме не се интервенира.


 

alfa.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close