Вести
Тутунски комбинат Прилеп оствари загуба од 1,5 милиони евра
Тутунски комбинат од Прилеп во првото тримесечје од 2015 година оствари загуба од 1,5 милиони евра (94.893.000 денари), покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата имаше загуба од 1,8 милиони евра (114.248.000 денари).
Вкупните приходи од продажба на Тутунски комбинат се 143.001.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 76.636.000 денари, додека остатокот од 66.365.000 денари се реализирани на странски пазари.