Вести
Склучени над 30.000 договори за ново производство на тутун
До 10-ти април тутунарите склучија 30.000 договори за новото производство.
Од вкупно 14.000 хектари со оваа култура, годинава по долга пауза има и заинтересирана грчка фирма за откуп на широколистниот тутун од типот Вирџинија кој ќе се насади на 30 хектари.
Според склучените договори интересот за производство е ист како и лани, кога се откупија 19.000 тони тутун со просечна цена од 185 денари за килограм, а на своите сметки тутунарите добија вкупно 56 милиони евра од откупните претпријатија.
Врнежливото време го успори расадувањето, но според тутунарите оптималните рокови до втората половина на мај, сепак ќе бидат запазени.