fbpx
ВестиТоп вести

До 30-ти јуни, поднесување барање за субвенции

Земјоделците до 30-ти јуни треба да ги поднесат барањата за субвенции до Агенцијата за финансиска поддршка. Постапката може да се заврши по електронски пат или на терен, во подрачните единици на министерството. Годинава се очекуваат повеќе од 80. 000 барања.

do 30ti juni podnesuvanje baranje za subvencii

 

Од Владата информираат дека за поддршка на земјоделството и на руралниот развој се предвидени над 140 милиони евра.

– Обезбедена е стручна помош за пополнување на барањата за субвенции, отстранета е обврската за поднесување на документи за кои што органите на Државна управа водат службена евиденција, воведен е интегриран систем за земјиштето, а сега се воведува и една новина во функција на електронско пополнување на податоците за барањата за субвенции. – изјави, Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.

Согласно програмата за финансиска поддршка за земјоделството право на аплицирање во предвидениот рок имаат земјоделците кои се занимаваат со растително производство односно со полјоделство, градинарство, лозарство, овоштарство и производство на сертифициран семенски и саден материјал како и земјоделците кои се занимаваат со сточарство односно со одгледување на говеда, овци, кози, свињи, живина и пчели.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close