fbpx
Вести

Месото и млекото од заболените говеда со чвореста кожа не се опасни

 

Месото и млекото од говедата заболени од болеста чвореста кожа не се опасни за човечка употреба, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство од каде испратија препораки за заштита од болеста до сточарите.

mesoto i mlekoto od zabolenite goveda so chvoresta kozha ne se opasni

 

Болеста е вирусно заболување, не е зооноза и не постои ризик по здравјето на луѓето. Забраната за употреба на млеко и месо од заболени животни е воведена како мерка само за да се спречи ширењето на болеста меѓу говедата.

Заболувањето предизвикува висока телесна температура кај животните – (до 410 C ), појава на чворести промени на кожата, пад на млечноста, исцедок од носот, очите и појава на абортуси кај гравидните животни.

Болеста се пренесува преку инсекти (комарци и шталски муви), директно преку контакт на заболено со здраво животно, индиректно преку заразена храна, вода, измет, заразени материјали опрема и друго.

Од Агенцијата препорачуваат сточарите да ги држат говедата затворени во штала, да не се пуштаат на паша, не ги мешајте со говеда од соседните и други одгледувалишта, на шталата/објектот да стават заштита од инсекти и редовно да вршат дезинсекција и дезинфекција, да ги заштитат животните од убоди од инсекти, да користат средства против инсекти (репеленти) кои се регистрирани во Република Македонија и во согласност со упатството на производителот, а репелентите по можност да немаат каренца за млекото и месото.

Според биосигурносните мерки кои теба да се спроведат на одгледувалиштата се, фармата да има само еден влез и еден излез, да се постави знак за предупредување /забранет влез/, дезинфицирајте ги чевлите и рацете при влез и излез од одгледувалиштето/фармата, да се постават дезинфекциони бариери на влезот и излезот на одгледувалиштето/фармата како и на влезот и излезот на секој објект, да се користи заштитна облека при работа и истата треба редовно да се чисти и дезинфицира, да се изолираат болните од здравите животни, по можност во посебна просторија, работниците кои работат со болни животни да немаат пристап до здравите животни на фармата, редовно да се чисти изметот од објектите  и соодветно да се отстранува, да се врши дезинфекција на возилата при влез и излез од одгледувалиштето/фармата, правилно да се складира и да се чува храната и водата на одгледувалиштето/фармата и да се постават мрежи против инсекти на прозорците, вратите, отворите за вентилација.

„Ги повикуваме сточарите за секоја дилема во врска со болеста да се обратат во Агенцијата на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk“, апелираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close