Стабилното и суво време кое се одржува подолг период над нашето подрачје овозможува неповолни услови за развој на земјоделските култури заради ниската влага во почвата и отсуството пред се на продуктивната влага во почвата.
Ваквото суво и топло време продолжува и во наредната седмица со температури на воздухот од 35-38 оС што дополнително ја отежнува состојбата со земјоделското производство особено каде нема услови за наводнување.
Основна активност кај производителите на храна е да ги искористат сите можни капацитети за наводнување, како кај поледелските така и кај овошните насади каде наводнувањето е од особена важност за формирањето на родните папки за наредната година.
Наводнувањето во наредниот период да биде главната преокупација на земјоделците без разлика дали истото ќе се изведува со површински или со подземни води, битно е да се одржат во живот и кондиција, порачуваат агрометеоролозите.