fbpx
Вести

Сушата во Виетнам го стопи производството на кафе

Најголемиот светски производител на сортата „робуста”, Виетнам, очекува производството на овој вид, кој е репер за светските берзи, да падне на 4-годишно дно како последица на најголемата суша во последните 30 години, соопшти „Блумберг”.

sushata vo vietnam go stopi proizvodstvoto na kafe

 

Земјоделците ќе соберат 1,5 милион метрички тони кафе кога ќе почнат да ја прибираат жетвата во октомври. Тоа ќе биде најниско ниво на производство од 2012 до 2013 година.

Понудата на кафе во светот се намали откако природната катастрофа Ел Нињо предизвика сериозни оштетувања на жетвата во Југоисточна Азија и Јужна Америка. Цената на „робуста”,која се употребува главно за производство на инстант-кафе, се зголеми 5,8 отсто во април, што е трет месечен пораст.

Фјучерсите на „робуста” со испорака во јули поскапеа 0,66 отсто на 1,646 долари за тон на европската берза во вторникот откако ден претходно беше достигната највисоката цена од ноември наваму.

Од почетокот на годината цената на оваа сортата скокна над 8 отсто.

Условите не се подобруваат, a се очекува врнежите во јужните и централните планински делови на земјата кои се најважни области за производство на суровината да бидат од 20 до 40 отсто пониски од просечните, покажуваат податоците на Центарот за хидрометеорологија во Виетнам. Во меѓувреме од министерството предупредија дека очекуваните средни температури ќе бидат помеѓу 1 и 1,5 Целзиусов степен повисоки од нормалното.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close