fbpx
ВестиТоп вести

Општина Битола со интернет анкета што е најдобро да субвенционира за почиста животна средина

Битола

 

Инвертери, вградување на плински уреди кај постарите возила и велосипеди, ова се трите прашања од анкетниот лист на Општина Битола на кои граѓаните деновиве можат да се изјаснат на официјалната интернет страна со цел подобрување на животната средина.

Советничката на СДСМ во Советот  на Општина Битола, Татјана  Крнчевска пред медиумите рече дека за подобрување на квалитетот на живеење, почиста животна средина и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух,  Општината ќе спроведе  субвенционирање, односно  мерка со која дел од она што се смета за загадувач на животната средина, во рамките и можностите, ќе се обиде  да го замени  со еколошки и корисни средства за животната средина.

-Повикуваме следните 10 дена, на официјалната интернет страна на Општина Битола, да го остварите своето граѓанско право, со пополнување на кратката анкета, прикажана како анкетен лист, за тоа како вие сметате, дека најдобро можеме да си помогнеме за почиста Битола.

По анализите, во анкетниот лист се понудени приоритетните субвенции и тоа: инвертери, вградување на плински уреди кај постарите возила и велосипеди.

Мислењето на граѓаните ќе има важна улога во одлуката и оваа година, општина Битола, да им помогне на нашите сограѓани, како и изминатите години наназад, да имаат услови и можност и тие со субвенции од општината да придонесат кон подобрување на животната средина, изјави на прес конференција Крнчевска.

Општина Битола, изминатите две години, спроведе субвенционирање на печки на пелети и системи и велосипеди, а оваа година според најавите на  премиерот Зоран Заев, се планира субвенционирање на инвертер клими за сметка на старите печки кои користат цврст огревен материјал, дрво или јаглен.

-Иако тоа е проект на Владата, Општина Битола, реши одлуката да се донесе и во консултација со граѓаните на Општина Битола, нешто што беше дел од програмата за транспарентност и отчетност, рече Крнчевска.

Премиерот  Заев неодамна најави бесплатна замена на печките на дрва со инвертери, проект кој ќе започне да се реализира  претстојната грејна сезона и тоа најпрво во Битола, Тетово и Скопје, а потоа и во другите градови. Овој проект кој ќе значи намалување на аерозагадувањето  Владата го реализира заедно со Државните електрани.

-Од претстојната грејна сезона ќе овозможиме бесплатна замена во домаќинствата на печките кои користат огревно дрво и фосилни горива, со високо коефициентни инвертери, прво во Битола, Скопје и Тетово, а потоа и други градови ќе почнеме со имплементација на ваквиот проект со кој Владата и ЕСМ почнаа со подготовка. Бидејќи ЕСМ преку РЕК Битола и РЕК Осломеј има нанесено штети врз екологијата од нивното постоење до денес, сега ред е да им помогне на сите домаќинства во државата со примена на високоефикасни инвентери и други системи на енергетска ефикасност. Трошоците за користење на инвентерите во домаќинствата се значително пониски и од другите начини на греење, вклучувајќи го и огревното дрво, а топлинскиот комфор е далеку поголем, а како дополнителна вредност е можноста за ладење во лениот период, рече Заев.

А.Блажевска

Слични написи

Back to top button
Close