fbpx
Вести

Започна со работа општинската комисија за проценка на штети од пролетните мразеви

Седумдесет и девет  земјоделци од општина Кавадарци пријавиле штета на лозовите и овошните насади од пролетните мразеви. Поднесените барања за претрпената штета ќе ги разгледува општинската комисија која  веќе започна со работа.

zapochna so rabota opshtinskata komisija za procenka na shteti od proletnite mrazevi

 

Најмногу пријави,  44 има од земјоделците чии површини се наоѓаат во атарот на селото Сопот. Вкупно 44 барања за увид на самото место. 22 барања се однесуваа на површини во атарот на селото Раец, а 6 барања се однесуваа за атарот на село Фариш. До Општината пристигнаа и барања за увид на оштетени насади и во атарите на селата Бегниште, Марена, Глишиќ и Шивец – информираа од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.

Почнувајќи од денеска Општинската Комисија во состав: Васко Керов-агроном експет-претседател, потоа Зоран Јованчев, Влатко Клинчаров и Слободан Ивановски сите членови на Советот, како и Ванчо Колевки претставник од Општината ќе бидат присутни на теренот. Тие на самото место ќе вршат проценка на штетите од пролетните мразеви на сите пријавени имоти.

Се очекува проценката да се одвива во наредните седум дена, по што комисијата ќе изготви елаборат кој потоа ќе го достави на увид и усвојување на Советот на Општина Кавадарци.

По завршувањето на оваа постапка општината усвоените проценки ќе ги достави до Министерството за Финансии

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close