fbpx
ВестиТоп вести

Звуците на Охридското Езеро

Гласот на Охридското езеро е најновиот проект на Македонски Телеком кој овозможува природните убавини на ова Езеро да се преточат во музика. Станува збор за спој  на природата, модерната технологија и музиката  која светски познатиот диригент и композитор Џијан Емин ја претвори во   производ со високи уметнички карактеристики. Гласот на Охридското Езеро  е проект што  Македонски Телеком  го реализира во соработка со УХРМ.

Како звучи Охридското Езеро може да се слушне на следниот линк: http://www.glasotnaezeroto.mk/  каде за прв пат луѓето од цел свет   може  да ја слушнат песната  што овој македонски бисер  ја пее. Песна достапна 24 часа и како што се менуваат условите во езерото, така се менува и музиката која е секогаш различна.

„Кога ќе го активирате „Гласот на Охридското Езеро”, вие го слушате на 5 километри од неговиот брег, каде што царуваат недопрената кристална вода и живиот свет. Кога истата музика ќе ја чуете со вклучен човечки фактор, слушате „преведени” податоци и примероци од близината на брегот“, се вели во појаснувањето за овој проект.

Податоците како што се временските услови, длабочината на водата, подводниот жив свет и др. влегуваат  во сложен компјутерски алгоритам  кои уметникот Емин ги претвора во  прекрасни звуци.

Целта на овој проект е да се сочува Езерото од штетното влијание на човекот.

„ Иако Охридското Езеро претставува огромна водена маса и има одличен систем за само прочистување, луѓето на него можат да влијаат на повеќе начини, притоа доведувајќи ги во опасност некои од најранливите претставници на живиот свет во езерото и на неговите брегови. Доколку сакаме волшебниот глас на езерото да биде зачуван, да внимаваме на нашето најголемо богатство и да му ја дадеме почитта што ја заслужува,“ пишува на сајтот Гласот на езерото.

Охридското Езеро е едно од најстарите и најдлабоките езера во светот и од 1979 година е на листата на УНЕСКО и заштитено како културно природно  светско наследство. За песната на Охридското Езеро и што значи овој проект пишуваат и странски портали.

П.Ј.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close