fbpx
ВестиТоп вести

Наводнувањето главна преокупација на земјоделците и во наредниот период

Наводнувањето и во наредниот период треба да биде главната преокупација на земјоделците без разлика дали истото ќе се изведува со површински или со подземни води, апелираат агрометеоролозите.

Стабилното и суво време кое се одржуваше подолг период над нашето подрачје неповолно се одрази врз земјоделските култури заради ниската влага во почвата, ниската релативна влажност на воздухот и отсуството пред се на продуктивната влага во почвата, појаснуваат од УХМР.

Во текот на оваа седмица се очекува промена на времето, но очекуваните врнежи од дожд нема многу да ја сменат состојбата бидејќи во моментот се чувствува голем дефицит на вода.

Високите дневни температури и понатаму ќе ја отежнуваат состојбата со земјоделското производство, особено таму каде што нема услови за наводнување.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close