fbpx
ВестиВино

Меѓународна едукација за вино за вработени од повеќе македонски винарии

Здружението „Вина од Македонија“ денеска организира доделување на дипломи на претставници на различни македонски винарии за успешно завршената интернационала програма “Wine and Spirits Education Trust London” – WSET.

megjunarodna edukacija za vino za vraboteni od povekje makedonski vinarii

 

Едукативната програма WSET претствува меѓународна призната едукација за вино со која 55 вработени од различни македонски винарии се стекнаа со исклучителни знаења во областа на интернационалниот вински пазар, кои ќе ги користат во унапредување на извозот на македонското вино.

На настанот обраќања ќе имаат Георги Петрушев, директор на Здружението „Вина од Македонија“, Марко Тигелман, вински советник за Македонија од Холандската Агенција ЦБИ, кои ја подржаа оваа едукација за македонските винарии и Срѓан Лисац, овластен провадјер за WSET едукативната програма.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close