fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Одгледување на капини

Капината како овошна култура има големо стопанско значење особено во
повисоките региони до 700 метри надморска висина, каде што има повеќе од 800 мм
врнежи годишни или пак постојат услови за наводнување. Посебното значење на
одгледувањето на оваа врста на овошки го детерминираат следните фактори:
 Голема употребна вредност на плодот
 Рентабилноста на производството и
 Придонесот за дополнително вработување
Употребна вредност на плодот
Капината се употребува како храна во свежа состојба, лек и суровина за
преработка. Плодовите на капината поседуваат уникатни хранливи и лековити
својства, па заради тие особини спаѓаат во доста барано и ценето овошје. Во
лековити намени се употребуваат плодот и листот. Големата лековита вредност на
капината е производ на специфичниот хемиски состав, а особено високата содржина
на витамини, минерални материи и поедини микроелементи (посебно Ca, Mg, Fe)

извор: АПРЗ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close