Малата барака со десетина вработени во која на 25 септември во далечната 1979 година се смести новоформираното самостојно правно лице ПКБ-Скопје, денес го носи името „Пекабеско“ и прерасна во лидер во производството на сувомесни производи и логистичко-дистрибутивната дејност. Резултатите на „Пекабеско“ во изминатите 40 години се импресивни и ја прават компанијата вистинска успешна македонска бизнис приказна која незапирливо инвестира, воведува нови стандарди, го зголемува портфолиото на задоволни потрошувачи и брендови од Македонија и регионот и постојано ја зајакнува својата општествено-одговорна компонента.
Од мала фирма – дистрибутер на само еден бренд пред точно 4 децении, денес „Пекабеско“ прерасна во компанија која има сопствени 2 производни капацитети и логистичко-дистрибутивен центар, а брои повеќе од 480 вработени. Во јубилејната 40 година од своето постоење компанијата влезе со реализирани рекордни приходи во висина од 78 милиони евра, како и рекорден профит од приближно 2 милиони евра.
„Пекабеско“ во својата децениска традиција перманентно инвестира и гради стратегија на постојан раст и развој. Во 1998 година го гради првиот мал погон за производство на сувомесни производи под брендот на „Пекабеско“, а веќе 5 години подоцна се соочува со потреба од проширување на производствените капацитети. За таа цел, во 2003 година, компанијата гради нова, поголема фабрика за производство на сувомесни производи во Шуто Оризари која има производствен капацитет од 260 тони месечно.
Како резултат на успехот на својот бренд кој за кратко време достигна одлични резултати и препознатливост на пазарот, во 2012 година, „Пекабеско“ инвестира 13 милиони евра и го отвора својот досега најголем Производствено-логистички центар во Кадино, Илинден со површина од 19.700 м2 и капацитет на производство од 1.050 тони месечно. Вклучувајќи ја оваа инвестиција, „Пекабеско“, само во изминатите 7 години, има вложено околу 20 милиони евра.
Низ годините постојано се зголемува и бројот на сертификати и стандарди со кои се одликува „Пекабеско“. Тие претставуваат дополнително признание за успешната работа на компанијата и почитувањето на врвните стандарди во производството и дистрибуцијата. Така, во 2008 година „Пекабеско“ целосно го имплементираше HACCP стандардот, а веќе следната година се вброи во македонските компании кои го имаат добиено признанието SUPERBRANDS. Исто така, „Пекабеско“ денес е една од неколкуте компании од Македонија сертифицирани според меѓународниот стандард ISO 22000: 2005. Сертификацијата беше направена од страна на меѓународната престижна сертификациска куќа TÜV NORD CERT.
Производите под брендот „Пекабеско“, покрај во Македонија, можат да се најдат и на пазарите во Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Годинава, „Пекабеско“ доби и европски извозен број и посветено работи на проширување на дистрибутивната мрежа на пазарите во земјите-членки на ЕУ и освојување на нови задоволни потрошувачи ширум целиот свет. Целиот текст може да го прочитате на следниот линк.
Извор: плусинфо.мк