fbpx
ВестиТоп вести

Се празнат бачилата во малешевскиот регион

Се празната бачилата во малешевскиот регион. Драган Џингарски од беровското село Русиново вели дека во неговото бачило пред една деценија имало над сто, а сега има само над 20 овци. Причината за  намалувањето на сточниот фонд во овој регион ја гледа во иселувањето, но и во откупната цена на јагнето, но и  на овчото и кравјо млеко

Намалувањето на сточниот фонд во овој регион го доведува во прашање и опстојувањето на познатите два бренда, а тоа се малешевското сирење и јагне. Низ селата во Берово и Пехчево порано се произведувале и по 20.000 канти сирење, но сега, можат многу лесно да се пребројат стадата овци, бидејќи нема кој да ги наследи сточарите.

Во малешевијата во моментов овоштарите ги продаваат и последните набрани сини сливи, за разлика од лани годинава имаат помал род, а цената е различна и се движи до 14 денари. Сопругата на Џингарски изманиот месец беше аргатинка на насадите со сливи. Смета дека оваа година овоштарите повторно ќе имаат само за да преживеат.

Малешевскиот регион се потпира на сточарството и на производството на компир и сливи. Познатиот малешевски компир на пазарите ќе почне да се нуди од наредниот месец. Засега спород производителите нема добра откупна цена, па ќарот ќе зависи од снаодливоста на земјоделците.

Извор: Телма

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close