fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Чување на органски домат (Lykopersikon eskulentum)

Со оглед на тоа дека доматот содржи висок процент на вода  95 %, е многу осетлив, потребно е правилно да се бере и соодветно да се чува.

Берба

Доматот наменет за свежа консумација се бере рачно. При бербата треба да се внимава како се берат плодовите, со нежно свртување околу осовината на плодот, без непотребни повреди на плодот или растението. Грубото берење доведува до видливи или латентни повреди. Рачната берба може да биде олеснета ако се употребуваат различни помошни средства кои бербата ја прават полумеханизирана.  Доматот се бере механизирано само кога е наменет за индустриска преработка.  Доматот треба да се бере по ладно и суво време, најдобро е бербата да се изврши рано наутро, по росата или пред  да се стемни. Многу да се внимава на хигиената на рацете со задолжително носење на ракавици  и облеката се предуслови за спречување на микробиолошка контаминација ( Salmonela, Echerihia).

 

При берба плодовите внимателно да се ставаат во контејнери, обложени со двослојна пластична фолија. Контејнерите мораат да бидат суви и чисти без присуство на земја и друга нечистотија. За време на бербата треба да се одвојуваат нагмечените или оштетените плодови од квалитетните.

Извор: АПРЗ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close