Започна поставувањето на новите корпи за отпадоци, за почеток на Широк Сокак. По констатираната состојба на терен, ЈП „Комуналец“ набави 130 корпи за отпадоци. Новите корпи ќе бидат поставени во централното градско подрачје, додека пак, постарите ќе бидат остранети, репарирани и ќе бидат наместени на други места во градот каде што има потреба, информираат од општина Битола.
Граѓаните искажаа огромно задоволство од поставувањето на новите корпи при средбата со градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска и директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски.
Работните активности ќе продолжат и во наредните денови со зголемена динамика, а ќе бидат поставени и нови контејнери.