fbpx
ВестиТоп вести

Димковски: Измените на Законот за акцизи овозможуваат низа поволности за производителите на ракија

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, присуствуваше на отворањето на јубилејната манифестација “Валандовска ракијада “, која  слави 20 години. Оваа манифестација го симболизира завршувањето на гроздоберот и претставува можност за презентирање и на другите домашни производи од грозје.
Министерот Димковски посочи дека МЗШВ изминатите две и пол години континуирано работи на развојни мерки за лозарството како стратешка земјоделска гранка, а во делот на производството на ракија потенцираше дека измените на Законот за акцизи кои стапуваат на сила на 1-ви јануари 2020 година, овозможуваат низа поволности за производителите на ракија.
“Максимално дозволената количина на годишно производство ќе биде 2.500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45%. Во првата година (2020г.) од примена на законот, производителите на ракија се ослободени од плаќање на акциза, во втората година односно 2021 година акцизата ќе биде 10 денари, третата година 20 денари и во 2023 година 30 денари. Со новото законско решение се овозможува малите производители легално да ја произведуваат и пласираат својата ракија, да развијат свој бренд од традиционалната ракија, што ќе придонесе за развој на руралниот и винскиот туризам, а за намалување на сивата економија”, изјави министерот Димковски.

Во финална фаза на носење се и измените на Законот за вино, со коишто се олеснуваат условите за производство во малите семејни винарници, ќе се воведат нови вински производи, што ќе придонесе и за поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, поголем извоз на вино и девизен прилив. Преку мерките од Програмата за директни плаќања 2019, овозможуваме за 20 отсто повисоки субвенции за одржување на лозови насади за лозарите со развоен потенцијал. Со новата мерка за субвенционирано гориво за земјоделската механизација, лозарите ќе имаат порентабилно производство, бидејќи 30 отсто од трошоците за гориво ги покрива државата. На располагање на лозарите се и мерките од ИПАРД 2 програмата овозможуваат кофинансирање на трошоците за изградба или реконструкција на винарници, како и за набавка на опрема, што е важно за модернизација на производството.

Слични написи

Back to top button
Close