Вести
Помал откуп на земјоделски производи
Вкупниот откупот и продажбата на земјоделски производи на почетокот од годинава бил помал за 14,6 проценти од лани.
Трговците, од индивидуалните земјоделци купиле помалку производи за 20 отсто, но продажбата на фармерите од сопственото производство на зелените пазари се зголемила за 25 проценти.
Најмногу се тргувало со градинарските и фуражните култури, со овошјето и добитокот.
Помала побарувачка имало кај житата и индустриските растенија.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во јануари и март, додека во февруари е забележано опаѓање.