fbpx
ВестиТоп вести

Доделени уверенија за завршена обука на шумски полицајци

 

Во просториите на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беа поделени уверенија за завршена обука на шумски полицајци, информираат од  ова министерство.

Секторот за шумска полиција во рамките на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, извршува многу значајна задача во однос на спроведување на законската регулатива од областа на шумарството, особено во однос на заштитата на шумите и зачувување на природата, како и во зголемување на придонесот на шумскиот сектор во националната економија и руралниот развој. Преку одржливо стопанисување со шумите се обезбедуваат обновливи ресурси и заштита на локалната и глобалната животна средина со што се обезбедува подобар квалитет на живот на сите граѓани.

Шумската полиција е задолжена да ја чува шумата, да интервенира согласно Законот за шуми. Оваа обука беше реализирана со помош на министерството за внатрешни работи.

Слични написи

Back to top button
Close