fbpx
ВестиОгласникТоп вести

Соопштение за пријавувањето за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за испит за полагање заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 20 НОЕМВРИ 2019 година.

Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство според Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.98/19) и Правилникот за формата и содржината на барањето за полагање на испитот за добивање на лиценца за процена на тутун, лиценцата за процена на тутун, начинот на пријавувањето и спроведувањето на испитот како и програмата и потребната литература за полагање на испит („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.194/19). Програмата за полагање на испитот е во прилог на ова соопштение.

1.Согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи пред полагањето на испитот заинтересираните кандидати мора да посетуваат обука и да добијат потврда за посетена обука од овластената институција- Научен Институт за тутун во Прилеп.

Обуката ќе се оддржи во Научен Институт за тутун во Прилеп и тоа:

-обука за теоретскиот дел од испитот на 25.11.2019 година, понеделник во 10 часот и

-обука за практичниот дел од испитот на 26.11.2019 година, вторник во 10 часот.

2.Полагањето на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун ќе се оддржи на 29.11.2019 година, петок во Научен Институт за тутун Прилеп во 11 часот.

 

Заинтересираните кандидати заедно со барањето (кое се наоѓа во прилог на ова соопштение) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун треба да ги приложат следните потребни документи:

1. Кандидатите со соодветно образование треба да приложат:

-диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун;

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат:

-потврда од фирмата за работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун и/или копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:

*високо образование со две години работен стаж,

*вишо образование со три години работен стаж,

*средно образование со четири години работен стаж.

3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун непрекинато најмалку последните пет години треба да приложат:

-договори за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование.

4.  Кандидатите мора да имаат завршено средно образование.

 

Барањето заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 20.11.2019 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: улица “Аминта Трети” бр.2, 1000 Скопје со назнака во горниот лев агол „за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун“.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат законските услови, дополнително ќе бидат известени од страна на комисијата за трошоците за обуката и за испитот за полагање.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close