Вести
Голем интересот за субвенции кај велешките земјоделци
Во велешката Подрачна единица на Министерсвото за земјоделство, шумарство и водостпанство во тек е поднесувањето барањa за земјоделски субвенции по различни основи. Пријави поднесуваат земјоделците од Општина Велес и Општините Градско и Чашка, а рокот е до 30 јуни.
Како што информира Вили Бочваров, најголем интерес има за одгледување житни култури, овоштарство, лозарство и сточарско производство.
– Во тек е и поднесување барање за субвенции за млекопроизводство. Досега барања поднеле 150 производители, а рокот е до 20 јуни, информира Бочваров.
Минатата година барања за субвенции поднеле околу 3.500 земјоделци. Во 2016-та се очекува поголем број.