fbpx
ВестиТоп вести

Платежни картички за зелена нафта добија 1.600 земјоделци во штипско

На 1600 земјоделци од Штипско-Карбинскиот регион им се поделија платежни картички, со што ќе можат да купат т.н. зелена нафта со дисконтна цена пониска за 30 %. Висината на паричниот надоместок зависи од големината на земјоделската површина и засеаните култури.

Сите земјоделски стопанства кои се пријавиле во 2018-та година во подрачната единица и поднеле барање за субвенционирање, сите тие ќе добијат картица за зелена нафта- изјави Павел Иванов, раководител на подрачната единица на МЗШВ-Штип.

За некои земјоделци оваа мерка е добро дојдена, а за други е минорна.

-Тоа е добро што се овозможи оваа работа за да опстане земјоделието-изјави Горан Пешевски, земјоделец.

– Ова е малку, не е многу- изјави Марко Атанасов, земјоделец.

За посеани житни култури земјоделците ги следува по 750 денари од хектар, а овоштарите и градинарите по 2 800 денари по хектар.

Првиот човек на Асоцијацијата на земјоделци на Макеоднија, Ефтим Шаклев, во телефонски разговор за Сител изјави дека поледелците се во подредена положба и дека тие барале од Министерството за земјоделие за 50 % пониска цена на нафтата, зашто со конкретната мерка, минимално се намалува цената на производството.

извор: Сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close