fbpx
ВестиТоп вести

На регионална конференција за аерозагадувањето земјите од Западен Балкан се мобилизираат за заеднички активности за справување со загадениот воздух

 

На иницијатива на Светската банка, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, денеска во Скопје се одржува Регионална конференција: „Управување со квалитетот на воздухот (AQM) во регионот на Западен Балкан-Прашања, решенија и можности за финансирање“ информираат од владината прес служба.

„Знаеме дека едно од најголемите причини е затоплувањето на домовите и начинот на којшто се грееме. Во зимскиот период ова влијае на квалитетот на воздухот, а патниот сообраќај е уште една причина загадувањето, како и старите и лошо одржувачите возила, за кои знаеме статистички дека се скоро 60 проценти под стандардот Еуро 4. Енергетското производство и индустријата исто така имаат свое влијание на квалитетот на воздухот, како и намалувањето на зелените површини“, рече Насер Нуредини министер за животна средина и просторно планирање, потенцирајќи дека Министерството презема активности за следење и подобрување на квалитетот на воздухот за развивање на краткорочни и долгорочни мерки.

Заменикот-министер Макрадули подетално пред присутните презентираше податоци за загадувањето, задржувајќи се на проблемите, решенијата и финансиските аспекти.

„Кога се зборува за загаденоста кај нас, зборуваме дека таква во 90 проценти штетните материи доаѓаат од греењето на дрва, за жал, и од греењето на пластика, гуми, од пожарите, користењето на јаглен. За жал Скопје, во една зимска сезона троши 317 илјади тони дрва, онолку колку што има на планината Водно. Имаме мала енергетска ефикасност на објектите, многу возила, околу 30.000 доаѓаат во Скопје, за жал се палат почвите и отпадот, и во зимската сезона не се сите градежни активности се согласно стандардите“, рече заменик-министерот за животна средина и просторно планирање.

Тој додаде дека во наредниот период ќе се имплементираат мерките од Планот за чист воздух, донесен од Владата, каде се внесени препораките од Светската здравствена организација за борба со овој проблем и за кој за прв пат има одвоено средства во Буџетот.

„Тој беше препознаен од страната на Европската комисија и за прв пат, како што вели Комисијата – има план и средства кои не се многу и затоа бараме заедничка помош со сите“, подвлече Макрадули правејќи споредба дека слични проекти предвидени во Планот за чист воздух имаат и многу земји како Полска, Чешка, Словачка, Бугарија, каде што се стимулира замената на нееколошки извори.

Заменик-министерот Макрадули најави дека со поддршка на Светската банка Министерството покренува заедничка иницијатива со земјите од регионот за формирање Работна група која што ќе се справува со заедничките проблеми кои го создаваат аерозагадувањето, како во делот на активностите така и во делот на мобилизирање на финансиски средства за справување со проблемите и изворите на загадување.

Директорот на Светска банка за Северна Македонија и Косово во рамките на регионот на Европа и Централна Азија Марко Мантованели, се задржа на податоците дека аерозагадувањето е поширок проблем и дека 4,2 милиони луѓе во светот секоја година умираат од аерозагадувањето, додавајќи дека заболувањата од загадувањето на воздухот се сериозен проблем и за земјите од Западен Балкан и од тие причини Светската банка помага во напорите на локалните влади да преминат од анализи на состојбите кон конкретни решенија.

Регионалната конференција денеска ќе резултира со Заедничка декларација за чист воздух во регионот на Западен Балкан, со која ќе се повика на заедничка имплементација на сите активности и мерки на земјите, со оглед на тоа што загадувањето на воздухот не познава физички граници.

Слични написи

Back to top button
Close