fbpx
ВестиТоп вести

Почна аплицирањето за субвенции за произведено и предадено грозје во преработувачки капацитети

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на финансиска поддршка во земјоделството дека од денеска до 25- ти декември 2019 година, може да се поднесуваат барања за добивање на средства од мерката 1.20 – а. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски појаснува дека станува збор за подмерката  „Директни плаќања за произведено и предадено грозје од сортите смедеревка, вранец, картошија, станушина, бургундец црн, жилавка, кадарка во регистрирани капацитети за проиаводство на вино.“

Оваа дополнителна субвенција е донесена по повеќето разговори и консултации коишто Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги имаше со производителите на грозје, но и поради проблемите коишто тие ги имаа со цената за килограм винско грозје од сушата која што го намали приносот на грозје од реколта 2019 година.

Поддршката за оваа мерка изнесува два денари по килограм, произведено и предадено грозје во преработувачки капацитет. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат површини со  лозови насади и оствареното производство од сортите смедеревка, вранец картошија, станушина, бургундец црн, жилавка, кадарка и производството на овие сорти на грозје го предале во регистрирани капацитети за производство на вино.

Барањата за добивање на средства од оваа мерка се поднесуваат електронски на www.ipardpa.gov.mk, во делот е- барања. Бабовски, информира дека брателите кои аплицираат за добивање на финансиска поддршка по оваа мерка се врши врз основа на потврди издадени од страна на регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија. Барателите кои не знаат сами да поднесат барање за оваа финансиска поддршка, или имаат потреба од помош, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информираат оттаму.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close