fbpx
ВестиТоп вести

Фаза- лактација кај молзни крави

              

Цели на производството се повеќе- високо производство на млеко, повеќе протеини и масти во млекото, висок квалитет на млекото, добра плодност, здраво виме, здрави нозе, високо производство и ниски трошоци на производство. Во периодот на лактација, особено при високо производство на млеко, многу е важно кравите во организмот да внесуваат хранливи материи, за да се постигни високо производство на млеко, добра плодност и здравје. Според САНО концептот, треба да се хранат по него секој ден, со храна која ќе ги исполнува следните критериуми- основниот оброк да биди квалитетен, за што храната при силирањето треба да се третира со Лабацил Дуо, да се користат само високо квалитетни компоненти, храната да биди со пријатен мирис и вкус. Исто така храната не треба да биди ни премногу влажна ни сува. Да се дава храна и вода по воља. Сите компоненти на храната добро да се промешаат и да се прилагоди оброкот за преживување. Компонентите на оброкот треба да бидат на располагање преку целата година и хранливите материи да бидта меѓусебно ускладени. Со благо зголемување на протеините, се избегнува дебелеење и се подобрува кондицијата на телото. Затоа секој ден да се дава 10грама Camisan, Profisan i Topsan по литар млеко. Во случај на нерамнотежа меѓу шеќерот и скробот, да се додава 50g Multisan Nektar по крава дневно. Фармите кои уште даваат концентрат, се раководат по примерот за припрема на оброк за 20 до 30 литри млеко и така прават поурамнотежен и поквалитетен оброк.

Фармите со целосен ТМР начин на хранење, во ТМР оброкот, заради синхронизација на хранливите материи додаваат 500 грама Mipro M 500, што е висококвалитетна комбинација за квалитетно млеко и здрави крави , со долг век. Основните, природни соединенија на азотот, ја зголемуваат количината на микробниот протеин, на кој начин го подобруваат снабдувањето на танкото црево со протеин. Заштитениот метионин како есенцијална аминокиселина, ја зголемува количината на млеко и количината на протеини во него. Со Mipro M 500. оптимално е снабдувањето на кравите со минерали и активни материи, кои се губат со лачењето на млекото.

Исплатливост- потрошувачката е 10грама Camisan, Profisan i Topsan по литар млеко и 500 грама Mipro M 500 по крава дневно. Здравјето на вимето е подобро, имаат подобра плодност, и повеќе млеко со подобар квалитет.

Производот  Mipro M 500 овозможува целосно снабдување со минерали, микроелементи, витамини, и активни материи за здрави, способни крави. Mipro M 500 го подобрува користењето на сировите влакна, ја зголемува плодноста, штити од кетоза и го подобрува производството на млеко. Овозможува висока консумација на храната, добра искористеност на храната, долг производен век, високо производство на млеко, одлична плодност и здраво виме.

Тоа значи 1 литар млеко повеќе по крава дневно, носи предност од 90 евра годишно по крава. 0,1% повеќе масти во млекото, носи предност од 20 евра по крава годишно. 0,1% повеќе протеин во млекото, носи предност од 40 евра по крава годишно. 10% помалку ремонт на стадото, носи предност од 150 евра по крава годишно. Вкупна предност е околу 300 евра по крава годишно.

Компоненти     Пример 1       Пример 2       Пример 3

Јачмен                  26,5                    32,5                12,5

Пченица               25,0                 35,0                  30,0

Пченка                 15,0                     –                      20,0

Соја                       30,0                  29,0                  17,0

Репа                        –                         –                       17,0

Camisan,

Profisan,               3.5                       3.5                   3.5

Topsan

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close