Голем интерес за македонските сирења, мед и вино
Политичките авторитети да го препознаат значењето на малите, локални производители, посебно на младите фармери, и да го поддржат нивното враќање кон традиционалното производство, зашто храната подразбира и култура, гордост и достоинство на секој народ, филозофија што ги опфаќа корените на неговото постоење.
Ова е пораката од 4. “Тера Мадре Бажан” од отворањето на манифестацијата во Тирана. Пред повеќе од 500 учесници, основачот и претседател на “Слоу фуд”, Карло Петрини напомена дека локалните производители се клучни за руралниот развој и за развојот на земјоделството во светски рамки.
Во Тирана на 50 штандови се претставени производи од 12 земји Македонија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија, Турција, Италија и Албанија.
Посетителите на македонскиот штанд покажаа голем интерес за петте понудени президиуми, сирењата од Мавровско-реканскиот Регион, медот, слаткото од диви смокви, виното “станушина” и буковската пипер. Некои пробуваа и веднаш купуваа, не прашуваа за цената.
“Тера Мадре Балкан” досега се одржа три пати, двапати во Софија и еднаш во Дубровник.