Вести
Се сади нова реколта, се очекува подобар род
Тутунот како лани, помалку, а квалитетен. Сличните временски услови ја одредуваат новата реколта на жолтото злато. Во прилепска Пелагонија останува главна егзистенцијална земјоделско индустриска култура.
Очекувањата, велат тутунарите, се реални.
Ќе бидат засадени над 13 илјади хектари, нешто помалку од лани, но остануваат главните тутунарски семејства, близу 30.000 во земјава.
Се зголеми конкуренцијата во откупот, со грчката компанија „Секе“ сега се десет откупувачи.