Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 1.4 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 1.2 %.
Во ноември 2019 година, во споредба со ноември 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 98.5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.4.
Во делот аутпут, во ноември 2019 година, во споредба со ноември 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 98.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101.7.