Годишно на пазарот се пуштаат меѓу 120 и 150 милиони пластични кеси кои завршуваат како отпад. Тоа е од 2 до 3 отсто од вкупниот отпад од пакување, но волуменски е многу, вели Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата.
Од 2021 година нема да има веќе бесплатни пластични кеси во маркетите. Нијниската цена на пластичните кеси ќе биде 10 денари. Ова го предвидувааат измените на Закон за управување со отпад кој е во собраниска процедура и се очекува да бидат донесени до крајот пред распуштање на Парламентот.
Како што рекоа на денешната прес-конференција на Асоцијацијата за управување со отпад при стопанската комора, ова треба да го намали бројот на пластични кеси кои се одлагаат како отпад. При тоа компаниите кои произведуваат пластични кеси во рок од една година ќе треба да го прилагодат своето производство, а граѓаните за овој период ќе треба да почнат да ги исфрлат од употреба кесите.
– Годишно на пазарот се пуштаат меѓу 120 и 150 милиони пластични кеси кои завршуваат како отпад. Тоа е од 2 до 3 отсто од вкупниот отпад од пакување, но волуменски е многу – вели Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата.
Од Асоцијацијата ги поздравуваат новите решенија предвидени со измените на Законот., бидејќи како што рекоа, ги решава главните проблеми во нивното работење. Посебно значајно за нив е решението кое предвидува фирмите во завршните сметки да прикажат дека го платиле надоместот за селекција и управување со отпадот.
извор: плусинфо